АФКОН: Сенегал се пласираше во четвртфиналето, Мане погоди со потрез на мозокот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Сенегал славеше
победа со 2-0 над Кабо Верде, а фаворитот мака мачеше како да дојде до
посакуваната победа над аутсајдерот, за дури во 63 минута да го скрши отпорот,
но во период кога противникот веќе имаше два играчи помалку.

Најнапред во 21
минута Андраде се здоби со директен црвен картон, за во 57 минута истото да го
снајде и голманот Возиња, кој имаше доста жесток судир со главата со Мане, за
шест минути подоцна ѕвездата на Ливерпул да и пркоси на повредата и да го
отвори резултатот во полза на Сенегал, а во самата завршница Диенг да ја
потврди победата од 2-0. Веќе во 70 минута Мане излезе од игра.

Сенегал во четвртфиналето ќе се судри со подобриот од дуелот помеѓу Мали и Екваторска Гвинеја, а вечерва со почеток од 20
часот силите во осминафиналето ќе ги одмерат Мароко и Малави, кои ќе вкрстат со подобриот помеѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×