173
Мароко
прогресираше во четвртфиналето од Африканскиот куп на Нации откако со 2-1 го
совлада Малави, а победникот славеше откако направи целосен резултатски
пресврт.
Манго во 7 минута
со еден прекрасен гол ја доведе до почетно водство селекцијата на Малави,
меѓутоа во самиот финиш од првото полувреме Ен Несири израмни на 1-1.
Во второто
полувреме Хакими со преубав гол во 70 минута од слободен удар успеа да направи
пресврт во корист на Мароко, а уште во таа фаза од мечот беше поставен и
конечниот исход.
Мароко во
четвртфиналето ќе се судри со подобриот од дуелот помеѓу Египет и Брегот на
Слоновата коска.