Гамбија се избори
за место во четвртфиналето откако славеше минимална победа над Гвинеја, а единствениот
гол на таа пресметка го постигна Бароу во 71 минута, а на мечот беа доделени и
два црвени картони, по еден за обете селекции.
Во вториот меч
кој беше предвиден за денеска во осминафиналето, Камерун го совлада Комори со
2-1, а фаворитот најпрво поведе со голот на Токо Екамби во 29 минута.
На 2-0
зголеми Абубакар во 70 минута, а Комори со голот на МекГангама во 81 минута
навести интересна завршница, но тоа беше се’ што стори таа селекција, инаку истата играше со
играч помалку уште од 7 минута откако исклучен беше Абду.
Во четвртфиналето
Буркина Фасо ќе ги одмери силите со Тунис, а Камерун со Гамбија.