Адис Јаховиќ се врати во Гецтепе, навивачите слават (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По една година помината во Анталија, Јаховиќ се пресели за неговиот прв клуб во Турција, екипата на Гецтепе со кој потпиша 18 месечен договор.

Јаховиќ претходно во Гецтепе играше година ипол. Најпрво со 21 гол му помогна да се врати во Првата турска лига, а следната сезона даде 14 гола на 18 меча по што направи трансфер во Коњаспор.

Денеска Гецтепе го потврди враќањето на Јаховиќ, а фановите на клубот преку социјалните мрежи, особено во коментарите под клупскиот твит, го славеа неговото доаѓање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани