68
При еден дуел со Лукас, Адеми заработи повреда, се чини дека се работи за повреда на коленото. Македонскиот репрезентативец со помош на докторите на Динамо Загреб го напушти теренот.
Се уште не се знае за каква повреда станува збор, деталите би требало да бидат познати по прегледите.
До почетокот на Европското првенство има уште три месеци и секоја повреда на македонски репрезентативец е загрижувачка.