466
Динамо Загреб остана без својот капитен на мечот од Лига Европа против ЦСКА Москва, Адеми во 35. минута мораше да биде заменет поради повреда.
Македонскиот фудбалер во еден момент се фати за бутниот мускул и по изразот на неговото лице беше јасно дека се работи за повреда поради која мора да излезе.
Веројатно во текот на утрешниот ден откако ќе бидат направени деталните лекарски прегледи ќе се знае точно за каква повреда станува збор и колку време ќе биде надвор од теренот.