Адеми неизвесен за мечот со Грузија?

by
1 минути читање

Динамо Загреб
славеше убедлива победа од 5-0 против Истра во рамките на 11 коло во најсилниот
хрватски фудбалски шампионат, меѓутоа лоши вести ни пристигнаа, а се однесуваат
на нашиот национален состав.

Нашиот
репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми се повреди на самото
загревање на денешниот меч, иако требаше да почне од првата минута, сепак
почувствувал болки во квадрицепсот, а барем засега нема некои дополнителни
информации околу повредата на фудбалерот од средниот ред.

Останува да се
утврди сериозноста на повредата, а секако дека оваа вест не е баш добра за
селекторот Игор Ангеловски во пресрет на историскиот меч со Грузија за пласман
на Европското првенство идната година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани