Адеми е најпопуларниот цимер во Динамо Загреб, кој и да бил со него…

by
1 минути читање

Капитенот на Динамо
Загреб и македонски репрезентативец, 26 годишниот Аријан Адеми во интервјуто за
„Спортске Новости“ откри еден мошне интересен податок поврзан со него.

Кој и да дели соба со Македонецот, кој важи за мошне популарен цимер во тимот, веднаш потоа си заминувал од Загреб и
направил трансфер.

Ако некој сака да биде
продаден, нека дојде кај Адеми во соба
“ неодамна изјави репрезентативецот на
Хрватска, Домагој Антолиќ кој во зимскиов јануарски преоден рок направи
трансфер во полска Легија од Варшава.

Тој е последниот мој
цимер кој си замина од клубот, пред него беа Вршаљко, Брозовиќ, Чоп…
“ вели
Адеми.

 

Извор: sportske.jutarnji.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани