Абрамович бил отруен за време на мировните преговори помеѓу Русија и Украина?!

by
1 минути читање

Вол Стрит Џурнал вечерва
објави дека Роман Абрамович бил отруен за време на мировните преговори помеѓу
Русија и Украина, информација која потоа ја потврдија уште неколку други извори.

Рускиот милијардер и уште дваја членови на преговарачкиот тим
на Украина развиле симптоми како црвени очи, константно и болно солзење на очи
и лупење на кожата на рацете и лицето.

Инцидентот се
случил на почетокот од месецов (3 или 4. март) при рудна преговори во Киев. Нивната состојба се
подобрила и нивниот живот не е загрозен

Новинарот на Гардијан, Шон Вокер додава дека Роман
Абрамович го загубил видот на неколку часа и добил третман во Турција.

Се шпекулира дека
рускиот милијардер бил отруен со хемиско оружје кое засега останува непознато. Исто
така, се верува дека дозата не била доволно силна за да се нанесе штета по
животот, туку само да ги заплаши преговарачите.

Наводно зад
нападот стојат тврдокорни луѓе од Москва кои сакаат да ги
саботираат преговорите.

По воената интервенција
на Русија во Украина, Роман Абрамович се повлече од Челси а потоа и донесе
одлука да го продаде клубот и профитот од зделката да ја донира на жртвите од
војната. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×