Рома преку Лестер стигна до финалето на Конференциската лига. Нерешено беше во Англија, а во Рим, Абрахам го постигна единствениот гол.
„До денес се уште си го гледам мојот гол од тој натпревар. Знаев што да очекувам од тим како Лестер, но не знаеа многу од моите соиграчи“, вели Абрахам.
„Секогаш сакав да го победам Лестер. Тие ме победија во финалето од ФА Купот, сакав да им вратам и сега се случи тој момент. Сакав јас да бидам тој што ќе даде гол и ќе му помогне на мојот тим, секогаш е убаво кога ќе победите. Се надевам дека ќе победиме и во финалето и ќе продолжам да си ги гледам дома моите голови“.
„Финале е финале. Може да биде финале од Светско првенство, финале од Лига на шампиони или финале од Конференциска лига. Кога ќе се пласирате таму, сакате да победите. Сите ние сакаме да победиме. Имавме неверојатна година и имаме уште две финалиња пред нас, против Торино и финалето од Конференциската лига. Сите се возбудени, возбуден сум и јас“.
Абрахам вели дека многу брзо се прилагодил на Рома и среќен е што е во овој тим.
„Благодарение на моите соиграчи, персоналот, навивачите и сите во клубот веднаш се прилагодив. Никогаш не е лесно да дојдеш во друга земја, во друга лига. Но тие од првиот ден направија да се чувствувам како дома. Се чувствував сакан уште од првиот ден и си реков: Ќе го дадам срцето, потта и крвта за овој клуб“. Ова ми е неверојатна авантура. Ова ќе биде едно од моите најдобри искуства во мојот живот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.