Тами Абрахам се
пронајде себе си во дресот на Рома под кормилото на Жозе Мурињо во својата
дебитантска сезона во „Серија А“, но, додека Челси ја има опцијата со „бај-бек“
клаузулата, се верува дека Манчестер јунајтед подготвува понуда за младиот
напаѓач.
Англичанецот
постигна 23 погодоци во 40 настапи во сите конкуренции за „Римската волчица“
сезонава, а дојде во Рим по трансферот вреден 40 милиони евра, со тоа што „Сините“
за двојно повеќе од таа сума можат да го вратат назад во својот тим, но таа
клаузула може да биде активирана од идната година.
„Ил Месаџеро“
тврди дека Абрахам би можел да се врати на Островот и пред тоа, бидејќи
Манчестер јунајтед е сериозен во намерата да го ангажира 24 годишниот напаѓач.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.