Трофејот од Лигата на шампиони е најголемата награда за Интер и ПСЖ, но триумф во финалето носи и 25 милиони евра, како и настап во три други натпреварувања – Суперкупот на Европа, Интерконтиненталниот куп и Светското клупско првенство во 2029.
Интер и ПСЖ вечерва ќе се сретнат во Минхен во финалето на Лигата на шампиони и ќе се борат за трофејот од најелитното европско натпреварување.
Секако, шампионскиот пехар е најголемата награда, но славје на „Алианц Арена“ носи и неколку други придобивки.
Победникот ќе добие парична награда од 25 милиони евра, како и настап во три други натпреварувања.
Првото е Суперкупот на Европа и пресметката против Тотнем во Удине на 13. август, второто е новоименуваниот Интерконтинентален куп каде силите ќе ги одмерат континенталните шампиони, а третото е новото Светско клупско првенство, односно второто негово издание во 2029 година.
За поразениот во Минхен ќе има само утешна награда од 15 милиони евра.
ФОТО: X/UEFA Champions league