Хрватскиот фудбалски сојуз ги додели наградите од 13. издание на „Трофејот на фудбалерите“, а македонскиот репрезентативец Димитар Митровски се најде во идеалниот тим на сезоната.
Во гласањето учествуваа вкупно 248 фудбалери и 49 тренери од сите десет клубови во елитната ХНЛ, а годинава за првпат гласаа и фудбалери и стручни лица од Првата лига (втор ранг). Конкуренцијата беше силна, но признанијата отидоа кај најдобрите. Марко Ливаја од Хајдук доби признание за најдобар играч во Хрватска, додека младиот талент Адријано Јагушиќ е избран за најдобар млад играч. За најдобар тренер е прогласен Гонзало Гарсија, кој направи вистинска фудбалска бајка со Истра 1961.
Димитар Митровски беше еден од петтемина номинирани за најдобар играч, иако не влезе во финалниот тројца, сепак доби голема чест – место во најдобрата единаесетка за сезоната 2024/25. Напаѓачот на Вараждин сезонава има осум гола и една асистенција, со што е најдобар стрелец на својот тим, и само една коло пред крајот потврди зошто е во друштво со најдобрите.
Дрим-тимот на сезоната во ХНЛ:
Маленица (Осијек), Радељиќ (Ријека), Марешиќ (Истра), Јуришиќ (Осијек), Валинчиќ (Истра), Фрук (Ријека), Мишиќ (Динамо), Батурина (Динамо), Ливаја (Хајдук), Митровски (Вараждин), Пјаца (Динамо).
Македонецот е дел од елитата со настапите оваа сезона заслужено се вивна меѓу ѕвездите на хрватскиот шампионат.