Мектоминеј е МВП на Серија А, Конте најдобар тренер

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанската Серија А дојде до самиот крај, останува да се доигра уште последното коло, а по вчерашните натпревари Наполи по четврти пат во историјата го крена трофејот.

По крајот на мечот со Каљари и пред шампионското славје, поделени беа наградите за најкорисен фудбалер и тренер во сезоната. Скот Мектоминеј го доби признанието за МВП на сезоната во калчото, откако даде 12 гола и забележа шест асистенции. Награда доби и Антонио Конте за најдобар тренер.

Одбрани беа и најдобрите во секоја линија од теренот. За најдобар голман е одбран Миле Свилар од Рома, Алесандро Бастони е најдобар дефанзивец, а во средниот ред сезоната ја одбележа Тијани Реијндерс. Најдобриот стрелец Матео Ретеги е најдобар напаѓач, додека Нико Паз е најдобар до 23 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×