Милан летоска ќе прави мала чистка, ќе почнат со Консеисао, Вокер и Феликс

by bojan
1 минути читање

Летоска ќе има промени на Сан Сиро, први кои ќе заминат се тренерот Сержо Консеисао како и двете зимски засилувања, Кајл Вокер и Жоао Феликс.

Милан синоќа загуби од Болоња во финалето на Купот на Италија за да ја заокружи сезоната во која потфрли на сите полиња.

Па летоска ќе има промени во таборот на „росонерите“, прв кој ќе си замине е тренерот Сержо Консеисао, на кого поразот од Болоња дефинитивно му пресуди.

Како што пренесува Газета дело Спорт, Сан Сиро ќе го напуштат и зимските засилувања, Кајл Вокер и Жоао Феликс, двајцата не понудија доволно квалитетни партии за позајмицата да стане перманентен трансфер.

Чистката ќе продолжи со Тео Ернандез и Фикајо Томори, кои ќе бидат ставени на продажба со цел да се приберат средства за засилување на тимот.

Малик Чао исто така може да биде продаден доколку пристигне примамлива понуда, а на трансфер листа ќе се најде и голманот Мајк Мењон доколку не биде постигнат договор за нова соработка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×