Реал Мадрид со 50 милиони евра ќе враќа свој младинец за Чаби Алонсо да добие нов лев бек

by bojan
1 минути читање

„Кралевите“ продолжуваат да работат на тимот за новата сезона и последните информации велат дека Алваро Карерас од Бенфика е пикиран како ново име за левата бековска позиција.

Чаби Алонсо ќе седне на жешкото столче на Реал Мадрид на 1. јуни и Реал Мадрид веќе подготвува тим по мерка на стратегот.

Можеби се изгубени неколку трансфер битки, но „кралевите“ го договорија Трент Александер Арнолд од Ливерпул, како и Дин Хујсен од Борнмут, а сега се на добар пат да донесат и нов лев бек за Чаби Алонсо да може да постави формација 5-3-2.

Како прв пик е Алваро Карерас од Бенфика, кој три години беше дел од школата на Реал Мадрид, но потоа се пресели во Манчестер јунајтед.

22 годишниот Шпанец има откупна клаузула од 50 милиони евра, но Реал Мадрид ќе се обиде да ја намали оваа сума.

Како алтернативи се споменуваат Милош Керкез од Борнмут и Тео Ернандез од Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×