Тренерот на Милан, Сержо Консеисао имаше студена средба со Давиде Калабрија по крајот на синоќешниот натпревар против Болоња во Купот на Италија, не сакеше ниту да го погледне, ниту да му подаде рака.
Сержо Консеисао и Давиде Калабрија имаа жестока конфронтација по крајот на средбата помеѓу Милан и Парма во јануари месец, кога „росонерите“ губеа до 91. минута, но со два доцни погодоци стигнаа до триумф од 3-2.
По оваа расправија, Давиде Калабрија го напушти Сан Сиро и се пресели во Болоња на позајмица до крајот на сезоната.
Двајцата синоќа имаа нова средба, а дефанзивецот беше тој кој последен се смееше откако Болоња го доби Милан во финалето на Купот на Италија.
На церемонијата за доделување на медалите, кога фудбалерите на Болоња направија шпалир за колегите од Милан, Давиде Калабрија се поздрави со сите свои поранешни соиграчи, но не и со Сержо Консеисао.
Тренерот на Милан не сакаше ниту да го погледне, ниту да му подаде рака, само промрмори нешто тивко.
Schifo pic.twitter.com/dkss9cZkkT
— Marco (@MarcoReNer_azz) May 14, 2025