Сеск Фабрегас ги советува фудбалерите наместо да се луксузираат со парите кои ги заработуваат, да ги вложат во својата кариера.
Тренерот на Комо смета дека е подобро фудбалерите да вложат во домашни готвачи, психолози, тренинзи отколку во скапи и непотребни работи.
„Кога зборувам понекогаш со млади фудбалери им велам дека најдобрата инвестиција која можете да ја направите, дури и ако не заработувате луди пари е наместо да зимате приватни летови или да купувате големи авотомобили, инвестирајте во готвачи за дома, во подготовка со психолози, ако не сте задоволни од нивото на фитнес тренерот, секогаш може да вложите во повеќе тренинзи, спијте добро…. Трошете ги парите на работи кои може да бидат вредни за вашата иднина. Верувајте ми, ми се случило и мене, им се случило и на 99,5 проценти од фудбалерите, дека еднаш откако ќе почнеш да не се чувствуваш толку добро, еднаш кога ќе освоиш многу, еднаш кога ќе одиграш премногу натпревари, почнуваш да стануваш малку послаб бидејќи мислиш „зошто треба да давам повеќе? зошто треба да го правам ова ако сум го направил тоа двапати“, но на нив не им е грижа“, вели Фабрегас.