326
Според информациите на босанскиот портал „Спортспорт.ба“, македонскиот голман Дамјан Шишковски ќе ја продолжи соработката со Борац.
Шишковски во Борац пристигна пред почетокот на сезоната и тоа од ерманскиот Арарат и потпиша едногодишен договор, но како што изгледа успеал да ги оправда очекувањата.
Најавите се дека Шишковски ќе ја продолжи соработката на уште една година.
Сезонава во дресот на Борац забележа 22 настапи во сите натпреварувања.