Барселона вчера буквално броеше секунди до нова титула во Ла Лига, но Реал Мадрид со голот на младиот Рамон во завршницата барем на кратко го одложи славјето во Каталонија.
Мајорка водеше на „Сантијаго Бернабеу“ се до 68. минута, а и во петтата минута од судиското продолжение резултатот беше 1-1, сценарио кое ѝ одговараше на Барса. Но, тогаш на сцена стапи Јакобо Рамон, кој со погодок во последната акција од натпреварот не дозволи Барселона уште вчера да слави титула.
Интересно е што навивачите на Барселона вчера веќе започнале да се собираат со цел да ја прослават 28-та титула во Ла Лига, сепак на крајот сето тоа беше одложено. Барселона денес игра со Еспањол и ако победи ќе ја потврди титулата.
Barcelona fans were waiting outside to celebrate the league title, but Jacobo had different plans pic.twitter.com/e5okMHI1TF
— Dr Yash (@YashRMFC) May 15, 2025