Болоња кога игра финале не греши: Ндојде го реши Милан за трет трофеј во Купот на Италија! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Болоња успеа да слави победа над Милан во финалето од Купот на Италија против Милан и тоа со 1-0.

За Болоња ова е трета титула во ова натпреварување, но последната ја освои во далечната 1973/1974, а претходно триумфираше во сезоната 1969/1970.

Интересно е што Болоња нема пораз во финалните дуели и секогаш кога стигнувала до битката за трофејот и го освојувала.

Денеска изненадувачки за едно финале натпреварот започна со добри прилики и на двете страни, но мрежите мируваа и во првите 45 минути не видовме погодок.

Моментот на одлука се случи по осум минути игра во второто полувреме кога Ндоје ја погоди мрежата на „росонерите“ и тој гол се покажа како доволен за победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×