РБ Лајпциг летоска може да заработи преку 300 милиони од продажба на четворица играчи

by bojan
1 минути читање

РБ Лајпциг потфрли на теренот оваа сезона но „биковите“ можат добро да заработат на трансфер пазарот и да приберат преку 300 милиони евра од продажба на четворица фудбалери.

РБ Лајпциг има разочарувачка сезона, во Лигата на шампионите завршија при дното со само една победа, а во Бундеслигата не само што беа далеку од врвот, не успеаја да се изборат и за топ четири пласман, кој носи во најелитното европско натпреварување.

Но „биковите“ имаат неколку фудбалери кои се на мета на гигантите ширум Европа и можат да заработат преку 300 милиони евра во летниот преоден рок.

Прв на списокот е Чави Симонс, потоа е Бенџамин Шешко, а листата се затвара со Луис Опенда и Кастело Лукеба.

На сите четворица цената им почнува на 80 милиони евра, и лесно може да ја наполнат касата на РБ Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×