Гвардиола го сака проблематичното засилување на Барселона

by bojan
1 минути читање
Олмо

Манчестер Сити е во потрага на замена за Кевин де Брајне, а последните информации велат дека Пеп Гвардиола го мерка Дани Олмо.

Кевин де Брајне не доби нов договор од „граѓаните“ и по крајот на сезоната ќе го напушти „Етихад“, а Манчестер Сити веќе е во потрага на негова замена.

Низ медиумите кружат многу гласини, се говори дека една од желбите и Тиџани Рајндерс од Милан.

Од Шпанија денеска пристигна информација која вели дека Пеп Гвардиола го мерка и Дани Олмо од Барселона.

Шпанецот минатото лето беше единственото засилување на „каталонците“ но малку фалеше во јануари беспари да замине откако Барса не успеа да го регистрира на време, но по судски пат беше издејствувано тој да продолжи да игра во вториот дел од сезоната.

Останува да се види каков ќе биде неговиот статус летоска и дали клубот од Камп Ноу ќе сака да го продаде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×