1,8K
Милан нема да го откупи Кајл Вокер на крајот од сезоната, искусниот дефанзивец ќе се врати назад во Манчестер Сити.
Иако имаше шпекулации дека „росонерите“ размислуваат да го задржат Англичанецот и по завршување на позајмицата, сепак, одлучено е дека 34-годишниот бек нема да остане на „Сан Сиро“.
Вокер ќе се врати во Манчестер, но останува да се види дали Пеп Гвардиола ќе смета на него во иднина или ќе следи нов трансфер за ветеранот.
Англискиот репрезентативец има важечки договор со Сити, но со оглед на годините и конкуренцијата во тимот, можно е да се разгледуваат опции за нова дестинација.