Го нема Роналдо? Нема проблем! Ал Наср даде ДЕВЕТ гола за историска победа

by 24 фудбал
1 минути читање

Ал Наср приреди фудбалска лекција на гостувањето кај Ал Ахдуд, славејќи со неверојатни 0-9 во рамки на саудиската Премиер лига – победа што ќе се памети!

Иако без големиот Кристијано Роналдо, кој не беше во составот на Стефано Пиоли за оваа средба, тимот од Ријад не покажа ниту најмала слабост. Ѕвезда на вечерта беше Садио Мане, кој ја распарчи мрежата на домаќините со четири гола, демонстрирајќи зошто е едно од најзвучните имиња во тимот.

Серијата голови ја отвори Јахја, по него прецизни беа Џон Дуран, Марсело Брозовиќ, а Мане беше сигурен од белата точка за убедливо водство уште во првиот дел. Во второто полувреме, Дуран уште еднаш стрелаше, а потоа Мане комплетираше хет-трик и додаде уште еден за четврти личен погодок. Во финишот, Маран го заокружи резултатот за рекордни 0-9.

Со ова, Ал Наср испиша историја – највисока победа во Премиер лигата на Саудиска Арабија. Претходно, само Ал Хилал можеше да се пофали со ваков резултат, откако двапати со 9-0 ги декласираше Ал Хазем и Ал Фатех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×