Карло Анчелоти добро ќе им наплати на Бразилците, станува најплатен селектор!

by 24 фудбал
1 минути читање

Карло Анчелоти и официјално е нов селектор на Бразил! Како што пренесуваат бројни светски медиуми, меѓу првите со информацијата беше The Athletic, а потврда стигна и од фудбалските куќи во Шпанија и Бразил.

Италијанскиот стратег ќе ја преземе функцијата на 26 мај, веднаш по крајот на сезоната со Реал Мадрид, со што завршува неговата втора епизода на клупата на „кралевите“, во која освои две титули во Ла Лига и три трофеи од Лигата на шампионите.

Иако имаше договор со Реал до 2026, Анчелоти уште во април им соопштил на челниците на клубот дека ја прифаќа понудата од Бразил. По неколку пријателски средби со претставници на Кралскиот клуб и Бразилската фудбалска федерација, договорот бил официјализиран, а сите детали усогласени.

Новиот предизвик за Анчелоти е репрезентативен – ќе го води петкратниот светски шампион до крајот на Мундијалот 2026 што ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

И не само тоа – Анчелоти стана најплатен селектор на светот!

Според AS, неговата годишна плата ќе изнесува вртоглави 9.2 милиони евра, што е двојно повеќе од она што го заработуваа неговите претходници, Тите и Доривал Жуниор. Со оваа бројка, Италијанецот го помина и досега најплатениот селектор – Томас Тухел, кој добива 6 милиони евра од Англија.

Бразил добива елитен стратег, а Анчелоти нова шанса да влезе во историјата со „Селесао“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×