Фудбалерите на Аталанта забележаа победа над Рома со 2-1 (1-1) во рамките на 36. коло во Серија А. Со оваа победа избраниците на Џанпјеро Гасперини се пласираа во Лигата на шампионите на две рунди пред крајот на сезоната, меѓутоа направија цел хаос во борбата за последната виза за елитата.
Домаќинот во Бергамо поведе со погодокот на Адемола Лукман по девет минути игра по асистенција од Де Кетеларе (1-0). До полувремето Брајан Кристанте успеа да донесе израмнување за „волчицата“ во 32. минута. Сепак, резервистот Ибрахима Сулемана во 76. минута обезбеди победа за Аталанта и ја завери визата за Лигата на шампионите.
Аталанта има 71 бод на третата позиција, додека Рома има 63 и е шестопласирана. На четвртото место е Јувентус со 64, исто колку што има и Лацио, додека под „волчицата“ се Болоња со 62, Милан со 60, Фиорентина со 59…
Инаку, ова беше прв пораз на Рома во Серија А по деветнаесет натпревари во низа без неуспех. Тимот на Клаудио Раниери последен пат загуби на 15 декември на гостувањето кај Комо (2-0).