Фреј кажа зошто го одбил Јуве, а откри дека – животот му висел на конец и спасот го најде во будизмот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот француски голман Себастијан Фреј има животна приказна која може да стане сценарио за филм – од блесоци во Серија А до борба за живот и духовно будење.

Фреј остави силен печат на италијанскиот фудбал, бранејќи на 448 натпревари во Серија А за Верона, Парма, Фиорентина и Џенова. Најголем успех му беше Купот на Италија со Парма во 2002 година, но навивачите најмногу го паметат како чувар на мрежата на Фиорентина.

Французинот откри дека добивал понуди од Јувентус, но од љубов и почит кон „виолетовите“ никогаш не сакал да го облече дресот на лутиот ривал.

Јувентус ме контактираше неколку пати, но секогаш одбивав. Не сакав да ја оцрнам љубовната приказна што ја имав со Фиорентина. Навивачите ќе ме мразеа засекогаш“, искрено рече Фреј.

Но, зад блескавата кариера стои и темна епизода. Во 2019 година Фреј се соочил со сериозна автоимуна болест која му го загрозила животот.

Имав треска, кашлица, нозете ми беа парализирани и не можев да одам еден месец. Веќе имав подготвено тестамент, мислев дека е крај. Но, моето тело почна да создава антитела и успеав да се извлечам. Тоа искуство ме промени – се свртев кон будизмот, а Роберто Баџо ми беше голема инспирација“, откри Французинот.

Иако имаше долга и успешна клупска кариера, Фреј одигра само два натпревари за репрезентацијата на Франција – нешто што сигурно не го одразува целосно неговиот квалитет меѓу стативите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×