Бразилската фудбалска федерација на социјалните мрежи потврди дека Карло Анчелоти ќе биде нов селектор на сениорската репрезентација.
Италијанскиот маг ќе ја преземе клупата на „кариоките“ и тоа веднаш по крајот на тековната сезона. Проблем претставуваше Реал Мадрид кој сакаше да го задржи Анчелоти за Светското клупско првенство. Сепак, клубот попушти и набргу ќе се раздели со Италијанецот.
Анчелоти ќе го има својот прв селекторски предизвик во кариерата. Целите на Бразил со сигурност ќе бидат високи, а првото големо натпреварување на Анчелоти ќе биде Светското првенство кое следната година се игра во САД, Канада и Мексико.
Презентацијата веќе е закажана за 26 мај. Според договорот, Анчелоти се обрза на едногодишна верност до крајот на Мундијалот догодина, ама со можност соработката да се обнови.