Килијан Мбапе вчера постигна хет-трик во Ел Класико дуелот против Барселона, но тоа не беше доволно ни за да се избегне пораз.
Мбапе нема да освои трофеј во својата прва сезона во Реал Мадрид, но ќе може да се пофали дека е најдобар дебитант во историјата на кралскиот клуб, односно фудбалер со најмногу постигнати погодоци во својата прва сезона.
Со трите вчерашни гола, Мбапе стигна до бројката од 38 голови, а тоа никој не го направил во првата сезона во белиот дрес на Реал Мадрид.
Претходниот рекорд го држеше Иван Заморано кој во својата деби сезона за Реал постигна 37 голови, Роналдо и Ван Нистелрој реализираа по 33.
До крајот на сезоната има уште три кола, па Мбапе може и дополнително да ја зголеми својата бројка на погодоци.
