Чеферин: Инфраструктурата во Италија е срамна!

by 24 фудбал
1 минути читање

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, жестоко ја критикуваше состојбата со стадионите во Италија, оценувајќи дека земјата има „далеку најлоша инфраструктура“ меѓу големите фудбалски нации во Европа. Во интервју за SportMediaset, Чеферин испрати јасна порака до италијанските власти: мора да се преземат конкретни чекори.

Изјавата доаѓа пред реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Интер и Барселона, кој се игра на „Џузепе Меаца“, стадион што не доби поддршка за финале од елитното натпреварување. „Срамота е каква инфраструктура има италијанскиот фудбал“, рече Чеферин.

Италија е фудбалска велесила, со титули на СП, ЕП и ЛШ, но инфраструктурно сте зад сите. Искрено, веќе сум уморен од дебати. Потребни се дела – клубовите имаат потреба од помош од државата, локалните власти и приватни инвеститори. Време е да се реагира“, додаде тој.

Што се однесува до организацијата на ЕУРО 2032, која Италија треба да ја спроведе заедно со Турција, Чеферин рече дека сè уште не е загрижен.

Мислам дека и владата конечно сфати дека мора да се делува. Имам целосна доверба во Габриеле Гравина, тој ќе направи сè што е во негова моќ за да се стигне тоа што се пропушти. Убеден сум дека Италија ќе биде подготвена за ЕУРО 2032“, заклучи претседателот на УЕФА.

Фото/Photo: Ac Milan/Twitter

Можно е и ова да ти се допаѓа

×