Брера сезонава ќе се обиде и со четврти тренер, Атанасов си поднесе оставка

by riste
1 минути читање

Очајните резултати во вториот дел од сезоната го принудија тренерот Тони Атанасов да си поднесе оставка од кормилото на Брера.

Откако го презема кормилото на Брера, Атанасов тимот го водеше на осум натпревари и освои само два бода од можни 24. Имаше шест порази и два нерешени резултати.

Брера ќе го добие и четвртиот тренер. Сезоната ја почна со Круљ, потоа на клупата седна Михајлов, следен беше Атанасов и некој друг ќе ја заврши.

На седум кола до крајот Брера падна на последната позиција на табелата и ќе има исклучително тешка задача да се спаси од испаѓање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани