Барди асистент на единствениот гол во важната победа на Бодрумспор!

by 24 фудбал
1 минути читање

Енис Барди влезе во ритам играјќи за Бодрумспор во Суперлигата на Турција.

Македонскиот репрезентативен капитен беше асистент во победата на својот тим на гостувањето кај Аланијаспор (0-1). Барди го имаше додавањето до Ајтемур кој го постигна единствениот погодок на средбата.

Оваа победа е круцијална за Бодрумспор во борбата за опстанок во турската елита.

За Енис Барди ова беше прва асистенција во деветтиот првенствен меч за Бодрумспор, а има е еден постигнат гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани