Среда е, нема Лига на шампиони, но има многу дерби мечеви во различни натпреварувања во различни земји.
Во Купот на Италија со почеток од 21 часот се игра големото градско дерби меѓу Милан и Интер. Ова е прв полуфинален натпревар, ќе има и реванш.
А реванш вечерва од 21:30 часот играат Атлетико Мадрид и Барселона. Во првиот полуфинален натпревар меѓу овие два шпански гиганти имаше дури осум голови, тој меч заврши 4-4.
Во Премиер лигата се игра риверсајд дербито меѓу ривалите кои ги дели само една река, на Енфилд се среќаваат Ливерпул и Евертон.
А кога во прашање е атмосферата, најжешко ќе биде во Истанбул каде Фенербахче ќе го пречека Галатасарај во меч од четвртфиналето во турскиот куп.
Денешни дерби натпревари:
19:45 Фенербахче – Галатасарај
21:00 Ливерпул – Евертон
21:00 Милан – Интер
21:30 Атлетико Мадрид – Барселона