Германија ќе добие нов победник во купот: Третолигаш го елиминираше Леверкузен!

by riste
1 минути читање

Арминија Билефилд која настапува во третата германска лига со 2-1 го победи Баер Леверкузен и се пласираше во финалето на Купот на Германија.

Баер Леверкузен кој го бранеше трофејот од германскиот куп, одлично го почна мечот, со гол на Та во 17. минута поведе со 1-0.

Но, предноста на гостите кратко траеше, Ворл три минути подоцна изедначи на 1-1.

Во судиското продолжение од првото полувреме Гросер даде гол за комплетен пресврт и водство од 2-1 за Арминија.

Цело второ полувреме Леверкузен се мачеше да изедначи, но не успеа.

Арминија во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Штутгарт и Лајпциг кој се игра утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани