Уште две откажувања во Италија, Спалети повика една замена

by 24 фудбал
0 минути читање

Лучијано Спалети се соочува со доста главоболки во пресрет на четвртфиналниот двомеч на Италија против Германија во Лигата на нациите.

Италијанскиот селектор остана без уште две имиња во тимот, бидејќи поради повреда од комбинација за настап отпаднаа Матија Закањи и Андреа Камбијасо кои делуваат по крилните позиции.

Поради тоа Спалети реши да повика една замена, а тоа е Раул Беланова. Офанзивниот бек на Аталанта ќе се обиде да го надополни отсуството на двајцата кои последни откажаа.

Инаку, претходно на Италија ѝ откажа Федерико Димарко кој е најдобар бек во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×