Еди Хау за гордоста на Англичаните: Прекина црна низа која траеше 17 години!

by 24 фудбал
0 минути читање

Екипата на Њукасл го совлада Ливерпул (1-2) на „Вембли“ и го крена трофејот во Лига купот на Англија.

За „страчките“ ова беше прв елитен англиски трофеј по 70 години. Освен за Њукасл, ова беше крај на една црна серија и за англиските тренери.

Имено, Еди Хау стана прв Англичанец по Хари Реднап кој освои домашен трофеј.

Реднап го крена трофејот во ФА Купот со екипата на Портсмут во 2008 година, а оттогаш ниту еден англиски стручњак не освоил еден од четирите трофеи (Премиер лига, ФА Куп, Лига куп и Комјунити Шилд).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×