Стратегот на Арсенал Микел Артета потврди дека Букајо Сака е на чекор од враќање на терените.
Сака е надвор од тимот од крајот на минатата година поради повреда на задната ложа и мораше да оди на операција, а сега е во последната фаза од опоравувањето.
„Многу е блиску да се врати. Направи голем чекор во опоравувањето и одлично напредува. Ќе видиме, ќе тестираме и ќе процениме колку брзо може да се врати и да помогне“, изјави Артета.
Ќе потсетиме, Арсенал сега е посветен само на Лигата на шампионите, посебно затоа што Ливерпуул е далеку на врвот во битката за титулата.
Токму затоа за нив е најважно Сака да биде подготвен за натпреварот против Реал на осми април, реваншот е една недела подоцна во Мадрид.