464
Македонскиот репрезентативец, Исник Алими е подготвен за долг пат од Кина до Македонија само за да биде дел од составот за мечевите со Лихтенштајн и Велс.
Алими ќе патува повеќе од 30 часа од својот клуб Далиан за да биде дел од мечевите на Македонија во квалификациите за Европското првенство.
„Благодарам за поддршката. Ме чека долг пат, можеби повеќе од 30 часа лет, но јас ќе бидам таму и ќе го дадам максимумот за Македонија на натпреварите против Лихтенштајн и Велс“, напиша Алими на социјалните мрежи.
Македонија на 22 март гостува кај Лихтенштајн, а три дена подоцна ќе го пречека Велс на арената „Тодор Проески“ во Скопје.