Слот: Не знам за иднината на Ван Дајк, но знам јас што сакам!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот вели дека не знае дали Вирџил ван Дајк ќе остане во клубот, но вели дека сака да го задржи капитенот.

Актуелниот договор на Ван Дајк со Ливерпул истекува по крајот на сезоната, уште е нејасно дали тој ќе продолжи или ќе си замине.

„Не знам што ќе се случи, но работата што ја знам е дека јас сакам Вирџил да остане тука и следната сезона“, рече Арне Слот.

„За сите договори, разговори… не сум надлежен јас, па немам информации“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани