Дерби во Скопје: Вардар сака да го прекине долгиот пост против Шкендија!

by riste
1 минути читање

Денеска со почеток во 15 часот на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, Вардар ќе ја пречека Шкендија во третиот дуел оваа сезона меѓу големите ривали.

Шкендија ги доби претходните два дуели со Вардар оваа сезона, во Тетово беше убедлива со 4-0, а неодамна на Градски славеше со 2-1.

Вардар речиси осум години чека на победа над Шкендија, последен пат славел со 4-2 во 2017 година.

Шкендија е лидер на табелата во ПМФЛ и целта им е да ја освои шампионската титула, Вардар сака што побрзо да избегне од битката за опстанок и да се стабилизира на средина на табелата.

Ова е првиот натпревар од 24. коло, останатите пет дуели се играат утре.

ПМФЛ 24. коло:

Денеска 15 часот

Вардар – Шкендија

Утре 15 часот

Брера – Силекс
Беса – Струга
Шкупи – Пелистер
Тиквеш – Гостивар
Воска – Работнички

Табела: Шкендија 49, Силекс 45, Гостивар 44, Работнички 44, Струга 38, Шкупи 31, Пелистер 26, Вардар 21, Брера 21, Тиквеш 18, Воска 18, Беса 18.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани