Меси со гол се врати во составот на Интер Мајами (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

По паузата поради повреда Лео Меси повторно е во составот на Интер Мајами, синоќа даде гол за потврда на победата против Кавалиер во КОНКАКАФ Купот на шампиони.

Интер Мајами со 2-0 славеше на гостувањето во Јамајка, а Меси во судиското продолжение го постави конечниот резултат.

Меси влезе во второто полувреме на местото од Луис Суарез кој во првиот дел беше стрелец на гол од пенал.

Следниот противник на Интер Мајами во ова натпреварување е Лос Анџелес ФК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани