Ренџерс на пенали го исфрли Фенербахче од Лига Европа!

by riste
1 минути читање

Фенербахче со 2-0 победи во Глазгов, но тоа беше доволно само да го однесе мечот во пенал серија која ја доби Ренџерс и се пласираше во четвртфиналето од Лига Европа.

Тимот на Жозе Мурињо може да жали што не се пласираше понатаму бидејќи беше подобар и создаде многу повеќе во 120 минути, но постигна само два гола.

Глазгов Ренџерс во Истанбул победи со 3-1, а тоа на крајот се покажа како доволно.

Шимански ги постигна двата гола за Фенербахче во регуларниот тек. Вкупниот резултат беше 3-3, па пеналите одлучуваа.

Фенербахче промаши дури три пенали, утнаа Тадиќ, Фред и Јандаш, а тоа значеше и елиминација од Лига Европа.

Ренџерс во четвртфиналето ќе игра против Атлетик Билбао.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани