Фаворитите без грешка: Челси, Фиорентина и Бетис во четвртфинале од КЛ (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Најдобрите екипи во Конференциската лига се пласираа меѓу осумте најдобри и покрај тоа што некои и немаа добар резултат по првите мечеви.

Бетис одигра 2-2 на свој терен против Виторија Гимараеш, но во Португалија приказната беше поинаква, шпанскиот клуб победи со 4-0.

Во првото полувреме два гола даде Бакумбу, а во вториот дел погодија Антони и Иско.

Фиорентина имаше негатива од 3-2 по првиот меч со Панатенаикос, но во Фиренца денеска победи со 3-1.

Челси со 1-0 го совлада Копенхаген.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани