Тиквеш добива германски инвеститор кој ќе даде милион евра за кавадаречкиот клуб

by riste
1 минути читање

Градоначалникот на Тиквеш, Митко Јанчев потврди дека во клубот ќе влезе германски инвеститор кој кон крајот на март во касата на клубот ќе префрли милион евра.

Општината Кавадарци е сопственик на Тиквеш, но отсега сопственоста на клубот ќе ја дели со компанија од Германија.

Германците до крајот на март ќе исплатат милион евра, сума која ќе биде за до крајот на оваа и целата идна сезона. Општината ќе остане со 50 проценти сопственост и ќе ја има контролата на клубот.

„На вонредна седница ќе разговараме за германски инвеститор кој ќе пушти еден милион евра во ГФК Тиквеш на крајот на март. Со тие средства треба да се покрие оваа и наредната сезона. На тој начин ние како град ќе добиеме помош, а ќе останеме и 50 проценти акционери. Притоа ќе имаме контрола во клубот. Дај Боже ова да се случи и во ракометот и кошарката, да дојдат и да помагаат инвеститори“, рече градоначалникот Митко Јанчев.

Тиквеш во минатата сезона го освои Купот на Македонија и играше во Европа, но оваа сезона се бори за опстанок и во моментов е на десеттата позиција која води во бараж.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани