387
До последен момент беше неизвесно дали Килијан Мбапе ќе биде дел од вечерашниот меч од Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.
Информациите велат дека Мбапе ќе биде во составот, неизвесно е само дали како стартер или ќе почне од клупата.
Французинот се мачеше со ситна повреда која му правеше проблем во изминатите денови, па се чекаше од лекарскиот тим да даде зелено светло за негов настап вечерва.
Вестите се позитивни, Анчелоти ќе го има на располагање Мбапе.