Ван Дајк се огласи откако беше „уловен“ на разговор со првите луѓе на ПСЖ

by bojan
1 минути читање
Ван Дајк

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк вели дека и самиот не знае каде ќе игра следната сезона откако по вчерашниот натпревар против ПСЖ беше „уловен“ во разговор со првите луѓе на „светците“, Насер Ал Келаифи и Луис Кампос.

Вирџил ван Дајк ги одработува последните месеци од соработката со Ливерпул, и слично како во ситуациите со Мохамед Салах и Трент Александер Арнолд, нема никаков абер дека Холанѓанецот ќе стави потпис на нов договор.

По вчерашниот натпревар против ПСЖ во Лигата на шампиони, капитенот на Ливерпул беше „уловен“ на разговор со првите луѓе на „светците“, претседателот Насер Ал Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос.

„Нема ништо момци, и јас самиот не знам ништо“ – вели Холанѓанецот.

„Сите знаат дека има одредени разговори зад сцената, но во моментов и јас самиот не знам што ќе се случи следната сезона“.

„Ако некој вели дека знае нешто, тогаш тој ве лаже во лице“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани