Бизнис лига: Во инфаркт завршница Матрикс до победа над ЕВН

by riste
6 минути читање

ЕВН 3-5(2-1) Матрикс

ЕВН: Вилијам Митев 14”, Дарко Стоилевски 16”, Наум Бадаловски 28”

Матрикс: Даниел Боневски 4” 26” 40”, Тони Брњарчевски 29”, Виктор Петровски 38”

Екипата на Матрикс одлично го отвори натрпеварот со ЕВН.  Уште во раната фаза екипата на Матрикс преку Даниел Боневски 4” успеа да дојде до предност од 0-1. Во тие моменти екипата на ЕВН заигра по агресивно  и со притисок во предно поле успеа да наметне висок ритам преку кој дојде до израмнување од 1-1 во реализација на Митев 14”. По не цели две минути игра ЕВН успеа да направи целосен пресврт и да дојде до водство од 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме  и двете екипи играа егал натпревар. На двете страни нај изменично екипите се менуваа со водство. Во самиот финш при нерешен резултат екипата на Матрикс преку контра напад успеа да дојде до предност од еден гол. Екипата на ЕВН се обиде со голман-играч да се врати во натпреварот но Матрикс не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 3-5.

Во дерби натпревар Фабрика Карпош – ГИМ слевеше над Леар

Леар 2-4(0-0) Фабрика Карпош – ГИМ

Леар: Борче Јовановски 25”, Благојче Симјаноски 26”,

Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 23”, Тони Котев 28”, Лазар Божиновски 34” 40”

Исклучително неизвесно прво полувреме одиграа екипите на Леар и Фабрика Карпош – ГИМ. Во текот на целото прво полувреме и на двете страни акцентот беше целосно стевен во делот на одбраната. И двете страни играа цврто во одбраната не дозволувајќи отворени шутеви кон противничкиот гол. Во средината на првото полувреме екипите дојдоа до неколку отворени шанси за гол но голманите беа на ниво на задачата па не дозволија изненадуванје. Во ваквата поставеност и двете екипи отидоа на полувремето со израмнет резултат од 0-0.
Во второто полувремер и двете екипи играа крајно израмнет фудбал најизменично менувајќи се во водството. Прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку  Илиевски 23”. Екипата на Леар успеа да возврати во 35” преку Јовановски по што следеше уште еден гол во низа во рализација на Симјановски 26” за целосен пресврт од 2-1. Во тие моменти екипата на Фабрика Карпош – ГИМ беше присебна, ја заигра својата препознатлива игра и не само што успеа да го израмни резултатот туку и направи и целосен пресврт од 2-4. Стрелци на головите беа Котев 28” и Божиновски 34” и 40”. Екипата на Леар немаше доволнои сили да се врати во натпреварот па Фабрика Карпош – ГИМ на крајот славеше со резултат 2-4.

Искуството на ЈСП пресудно во дуелот со Џонсон Мети

ЈСП 16-7(5-5) Џонсон Мети

ЈСП: Гоце Крстевски 7”, Васко Мирчевски 9” 22”, Давор Калиновски 10” 29”, Филип Колеќески 11” 26” 30” 34” 37”, Мартин Ливрински 18” 24” 24” 35” 39” 40”

Џонсон Мети: Никола Чаушевски 11” 20” 20” 38”, Слободан Чичевски 16”, Александар Андов 15” 27”

Во првото полувреме екипата на ЈСП имаше фуриозен почеток, играа отворен фудбал кој беше крунисан со одлична реализација.  Во ваквата игра екипата на ЈСП ја искористи и дојде до предност од 3-0. При резултат 3-0, екипата на Џонсон Мети успеа да намали на 3-1, но набрзо ЈСП ги консолидира своите редови и со гол поведе до 4-1. Во тие моменти Џонсон Мети успеа да постигне два последувателни гола и дојде до негатива од само 1 гол, 4-3. Во самиот финиш од првото полувреме екипата на Џонсон Мети успеа да постигне два гола додека пак ЈСП еден гол, со што се влез со израмнет резултат во финишот од првото полувреме. Во самиот финш голманите беа на ниво на задачата, не дозволија изненадување, па на полувремето се отиде со израмнет резултат од 5-5.
На самиот старт од второто полувреме екипата на ЈПС преку Мирчевски и Ливрински со три гола во низа успеа да дојде до предност од 8-5. Екипата на Џонсон Мети се обие да го смени текот на натпреварот и да наметне свој ритам, но екипата на ЈСП потпирајќи се на своето искуство, не дозволи изненадување, и успеа да дојде до висока победа во овој натпревар од 16-7.

Долгата клупа на Glass LUX пресудна во дуелот со Гранит

Гранит 1-13(1-2) Glass LUX        

Гранит :Емил Никочевиќ 8”

Glass LUX: Мартин Цветковски 12” 33”, Филип Стајковиќ 13” 23” 40”, Александар Спасовски 21” 34” 39”, Мартин Трајановски 24” 25” 38”,  Блаже говедаровски 26”,  Александар Ристовски 29”

Крајно израмнето и динамично прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Glass LUX. И двете екипи ставиа целосен акценнт на играта во нападот проигрувајќи брзи и контролирани напади како би стигнале до отворени шанси за гол. Играта во одбраната и кај двете екипи беше борбена и цврста во текот на целото прво полувреме па одлично одговараше на брзите напади, со што екипите успешно ги затвараа приодите кон сосптвениот гол. Во ваквата игра прва до погодок дојде екипата на Гранив во 8” со гол во реализација на Никочевиќ. Во тие моменти екипата на Glass LUX ги консолидира своите редови и до два гола во низа во реализација на дуото Цветковски-Стајковиќ не само што израмни туку и го превзеде водството до полувремето со резултат 1-2.
Во второ екипата на Glass LUX со чести измени држеше висок ритам кој Гранит  не можеше да го испрати па Glass LUX од минута во минута го зголемуваше водствтото кое на крајот изнесуваше високи 1-13.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани