Вардар утре ја почнува авантурата во Лига Европа, македонскиот шампион со почеток од 21:05 го пречекува силниот тим на Зенит кој е лидер во руското првенство.
„Зенит е фаворит, тоа е јасно, но ова е меч на кој ние нема што да загубиме, можеме само да добиеме. Ги анализиравме, работевме напорно за да одиграме уште еден добар натпревар пред нашата публика, пред Комитите. Ќе се обидеме да дојдеме до добар резултат“ – вели Јаневски.
„Тие имаат фантастични поединци кои во секој момент можат да блеснат, па мора да бидеме внимателни во текот на целиот натпревар. Тактички нема многу да менуваме, не бев со тимот на подготовките, па ќе ја играме истата игра“.
„Утрешниот натпревар ќе го пропушти Евгениј Новак поради повреда. Поради тоа беше отсутен и на последните два натпревари од домашното првенство, во консултација со лекарскиот тим одлучивме да го прескокне и овој“.