„Македонецот беше
изоставен за претходниот натпревар кој неговата екипа го одигра на „Сантијаго
Бернабеу“ за да се здобие со 100% подготвеност за следниот предизвик на
Леванте, мечот против Валенсија“ пишува шпанска „Марка“.
Еден од нашите
најдобри фудбалери имаше исцрпувачка програма изминатиот период, поточно одигра
два натпревари за нашата селекција во квалификациите за СП Русија 2018,
најнапред одигра 90 минути на гостувањето кај Израел, при што беше заменет во
самата завршница, а на домашен терен одигра до самиот крај против Албанија.
Се чини дека
низата натпревари на Барди го предомислија стратегот од клупата на Леванте,
Хуан Муниз да почне со нашиот фудбалер на гостувањето кај Реал Мадрид во
претходното коло од Примера, каде дојде до мини-изненадување во однос на
конечниот исход кој гласеше 1-1, а нашиот Барди мечот го проследи од клупата за
резервни фудбалери.
Овој пат, според
најавите од Шпанија, се чини дека нашиот 22 годишен офанзивец е стопроцентно
подготвен за дербито во Валенсија, кое се игра в’ сабота во терминот од 13 часот.
Извор/Фото:
marca.com